Достапни линкови

logo-print

Газа: Хамас и исламски Џихад не се подготвени за примирје со Израел


Милитантната група Хамас и исламски Џихад, соопштија дека не се подготвени да го прифатат примирјето со Израел, по инаугурацијата на новиот палестински претседател Махмуд Абас. Палестинските власти изјавија дека претседателот Абас, очекува во понеделник да оствари средба со претставници на двете милитантни групи, на која ќе се разговара за можното постигнување примирје. Премиерот на Израел, Ариел Шарон, денеска издал наредба до изралеските сили да ги интензивираат операциите во појасот Газа, за да се спречат евентуални напади од палестинсктие милитанти. Тој наредил војската да делува без ограничувања.
XS
SM
MD
LG