Достапни линкови

Отворени комбинаторики, партиите од албанскиот блок одат сами на изборите


Во партиите продолжуваат подготовките за составуавње на кандидатските листи за градоначалници и советници на локалните избори што до 6-ти февруари како последен законски рок треба да бидат доствени до ДИК. Во коалицијата на власт разговорите за договарање соодветен сооднос на советничките места сеуште не се затворени. Дел од местата каде што партиите ќе предлагаат свои гардоначалници се утврдени, а за некои допрва ќе се разговара вели портпаролот на СДСМ Борис Кондарко.

„Извесно е дека ЛДП свои градоначалници ќе номинира во Велес, Скопје, Виница, Македонски Брод, Градско и две – три помали општини. СДСМ ќе ги задржи веројатно поголемите скопски општини и поголемите останати градови во Република Македонија, како што се Битола, Штип.“

Во опозицискиот блок пак, и понтаму остануваат отворени сите опции дали ќе излезат со сопствен кандидат за градоначалник во Скопје или пак ќе го поддржат независниот кандидат Трифун Костовски. Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Бичиклиски вели:

„Нема официјален став околу тоа дали ќе одиме со свој кандидат или ќе поддржиме некој од постоечките коишто поднесоа свои кандидатури.“

Што се однесува пак на можноста од колицирање меѓу ВМРО ДПМНЕ и ВМРО - Народна од овие партии со став:

„Немаме никакви контакти со нив.“
„Тие не одбија, значи не сакаат да коалицираат со нас.“


велат Бичиклиски и ВД претседателот на ВМРО - Народна Весна Јаневска

Во ВМРО - Народна во меѓувреме течат разговори за коалицирање на локалните избори со други партии:

Можноста од коалициарње со други партии на локалните избори нема да ја искористат партиите од албанскиот политички блок. Ермира Мехмети, портпаролот на партијата на власат ДУИ вели:

„Нема да коалицираме со ниту една политичка партија. Ќе има соработка со цел спроведување на фер и коректни избори.“

И во ДПА највуваат дека на локлните избор ќе одат сами:

„Ние како партија одлучивме да одиме сами на овие избори и до крај ќе биде така.“

изјави пртпролот Сулејман Рушити

Парлелно со подготовките на партиите за локалните избори во тек се активностите и на надлежните институции за овозможување на услови за нивно спроведување. Според роковникот изборната кампања почнува 20 дена пред денот определен за избори односно на 21 февруари и ќе трае до 11 март на полноќ.
XS
SM
MD
LG