Достапни линкови

logo-print

Годинава потребни подлабоки реформи во образованието


Овозможување на влез на современи студиски програми според кои се развива високото образование во Европа, но и решавање на прашањето на високото образование на албански јазик, беа главните приоритети врз кои беа концентрирани обврските на Министерството за образование во 2004 година. Во оценките на просветните работници за изминатата година доминира следното:

„Иако процесите не се одвиваат според очекувањата, сепак на повидок се разрешувања на прашањата околу организирањето на Тетовскиот универзитет. Се помалку се чувствуваат меѓуетнички тензии во образованието,“

вели Тито Беличанец од правниот факултет.

Намалување на меѓуетничките тензии минатата година можеше да се забележи и во следните училишта. За разлика од претходната година во која во повеќе училишта во неколку градови мина во знакот на протести на ученици од македонска и албанска националност, во 2004 година незадоволство беше манифестирано во Струга, но поголеми прекинувања на образовниот процес немаше. Славица Арсовска од УСМ вели:

„УСМ се сконцентрира на работењето на овој проблем и можеме да кажеме дека средношколците дадоа позитивен пример.“

Професорот Мирјана Малевска додава:

„Образованието е многу важно и од гледна точка на стабилизирање на нашата држава. А, тоа е дека сите заедно треба да се замислиме за нивото на нашето образование. Какви луѓе излегуваат од универзитет, затоа што тоа се нашите идни правници, политичари, идните стопанственици итн.“

Според професорот Блерим пак, вратите на државните универзитети треба да бидат отворени за сите националности со отворање на квоти за нив на факултетите на кои тие претходно беа укинати:

„Да бидеме јасни ниту Штуловиот ниту тетовскиот универзитет не го решија целосно високото образовани на Албанците на албански јазик. Го решија само делумно, а многу млади Албанци сакаат да студираат медицина, електотехника, градежништво и други факултети кои не се застапени.“
XS
SM
MD
LG