Достапни линкови

logo-print

Македонија последната земја во Европа без закон за пристап до информациите


Подобрување на демократијата, контролен механизам на власта и одличен анти корупциски инструмент се предностите на новиот закон за пристап до информации, што ќе биде донесен во почетокот на наредната година. За прв пат во историјата на Македонија ќе постои законска обврска на државните органи да одговараат на побараните информации од граѓаните и медиумите. Законот предвидува постоење на службеници кои ќе бидат посредници до пристапот на информации:

„Тоа ќе бидат луѓе задолжени од органите н управата кои на граѓаните и на било кој ќе побара информација да им објаснат кои се правата на граѓаните и кои се обврските на институцијата. Тие луѓе не само што ќе треба да им излезат пресрет на граѓаните, туку би требало да се грижат и за навремено спроведување на постапката, за да не се случи одолговлекување на постапката во самата институција,“

вели Зоран Јачев од „Транспарентност“.

Законот за слободен пристап до информации предивидува формирање на независна државна комисија која ќе одлучува дали барањето на граѓанинот е задоволено или не:

„Гаранција ќе претставува и ќе следат казни, дури и кривична одговорност за оние кои нема да ги дадат информациите.“

Според Климе Бабунски, од Институтот за социолошки и политичко правни истражувања овој закон не ги засега само новинарите и медиумите:

„Тоа не е закон за медиумите, туку закон за сите граѓани и сите јавни институиции што живеат од јавните пари.“

Бабунски предупредува на пречките што би можеле да се појават при спроведувањето на законот:

„Едно е непознавање на самиот концепт, друго е неспремност за спроведување на законот.“

Македонија е последната земја во Европа што сеуште нема закон за пристап до информациите.
XS
SM
MD
LG