Достапни линкови

Јанукович и Јушченко разменија обвинувања во ТВ дебата


Двајцата кандидати за иден претседател на Украина, опозициониот лидер Виктор Јушченко и актуелниот премиер Виктор Јанукович на синоќешната телевизиска дебата разменија меѓусебни обвинувања за состојбата во земјата во изминативе два месеца. В недела во Украина ќе бидат повторени претседателските избори.

Опозициониот лидер Виктор Јушченко го обвини неговиот ривал премиерот Виктор Јанукович за обид за крадење на гласовите за време на вториот круг од претседателските избори одржан кон крајот на минатиот месец. Резултатите од ова изјаснување, по протестите на опозицијата, беа понишетни од Врховниот суд на Украина.

„Ако се прашаме денес зошто оваа земја се уште нема претседател, одговорот е дека ние се соочивме со измама. Кој беше проблемот на дваесет и први ноември. Украдовте три милиони гласови,“

изјави Јушченко чие лице се уште е покриено со лузни како последица од, како што и потврдија докторите во Австрија, труење со диоксин.

„Се кандидирав за претседател, бидејќи сакам сите во Украина да работат и да живеат чесно.“

Јушченко, ја обвини Русија, која го поддржува премиерот Јанукович, за мешање во внатрешните работи на Украина. Јанукович пак, го обвини ривалот дека добивал поддршка од Соединетите Држави и од другите западни земји. Тој и со оценката дека победата на Јушченко би можело да ја подели Украина и побара по претседателските избори да биде формирана влада на националство единство со цел да се избегне тоа.

„Викторе Андрејевич ако мислите дека ќе победите и ќе станете претседател на Украина, тогаш правите голема грешка. Ќе бидете претседател на дел од Украина. Јас не го сакам тоа. Сакам обединета Украина.“

Изјави Јанкович, додадавајќи дека во изминативе две години тој како премиер направил многу за подигнување на животниот стандард на украинците. Тој исто така понуди и извинување занерегуларностите во изборната кампања.

„Сакам пред сите вас да се извинам што имавме некореконости во оваа изборна кампања. Не сакам по овие избори да ни остане само зло.“

Стоминутната телевизиска дебата беше обележана со постојана жестока размена на обвинувања, но на крајот двајцата претседателски кандидати, како што јавуваат агенциите, срдечно се поздравиле. Агенциите посочуваат уште еден детал: За време на дебатата воопшто не бил спомнат случајот со труењето на Виктор Јушченко со диоксин.
XS
SM
MD
LG