Достапни линкови

Илија Илоски, директор на Македонската банка за поддршка на развојот. Најповолни кредити за започнување мали и средни бизниси


Каков е интересот меѓу стопанствениците за подигање на кредити со оглед на висината на каматните стапки?

Македонската банка за поддршка на развојот како промотивна банка, значи не е банка од универзален, комерцијален тип, нормално води сметка и за висината на каматните маржи со кои ги врши своите финансиски функции, и така можам слободно да кажам дека нашите средства се најповолни на финснсискиот пазар во Република Македонија. Впрочем, тоа е и намерата и намената на целта на формирање на една ваква развојна банка во Република Македонија. Ако го земеме предвид фактот дека крајните каматни стапки за корисниците на нашите средства се движат од најниски шест и пол до највисоки девет насто, тогаш нормално во ваков економски амбиент и на овој финансиски пазар станува збор за релативно ниски каматни стапки кои не се покачени, виза ви онаа ригидна монетарна политика што ја води централната банка за заштита на курсот и на инфлацијата. Имакќи ги предвид овие факти, интересот за користење на нашите финансиски средства е голем. Фактички, сите кредити со кои располага банката се стонастотно искористени, и дури сега од двете кредитни линии од странство, тоа е италјанската кредитна линија во висина од 12,7 милиони евра и германската кредитна линија од развојната банка на Германија во висина од 15 милиони евра. Од тие средства имаме формирано фондови и вршиме кредитирање под исти услови.

Можеме ли да зборуваме за конкретни показатели. Колкав е интересот на стопанствениците да инвестираат во Македонија, односно на странските инвеститори?

Ние ги финансираме домашните претпријатија. Дури и ако се со странски вложувања, фирмата мора да има регистрирано 51 насто приватен капитал согласно македонското законодавство. Не е никаква тајна, ниту критика упатено кон некого во државата, впрочем и ако се анализира периодот во изминатите 12 години во Македонија, се доаѓа до констатацијата дека Македонија има поразително ниво на директни странски инвестиции. Кога зборувам директни странски инвестиции, не се согласувам со некои економисти кои велат дека и купувањето на „Стопанска Банка“, на „Пивара“, на „Цементара“, или „Телеком“ дека се директни странски инвестиции. Тоа се портфолио инвестиции. Значи, купувани се акции во постоечки претпријатија. А, под директна странска инвестиција јас подразбирам градење на фабрика од темел, каде што се работи за сосема нов проект, сосема нова структура на производи кои би се нуделе на постоечкиот пазар, а не на затекнати претпријатија преку купување на капиталот да се инвестира во Република Македонија. Ако тоа е така, а така е, македонската банка за поддршка на развојот токму има таква логика за настап на овој пазар, за да ги помогне севкупните економски движења, со своите финансиски производи токму во функција на замена токму на оние недостатоци на оние директни странски инвестиции.
Општ е впечатокот дека процедурата за да се дојде до кредит е сложена. Кои се условите под кои еден бизнисмен може да добие кредит?

Не може да се генерализира прашањето, дали процедурата е сложена или не. Јас се согласувам дека процедурата е сложена во пропишани рамки за сите субјекти кои аплицираат имаат исти правила на игра. Имам едно многу лошо, дури и грдо искуство со делење на средства без процедура, од страна на Агенцијата за развој, која деновиве добива и корупциски димензии. И затоа јас сум застапник на оние економисти кои се за почитување на процедурите. Не може да се даде оценка генерално дека се пресложени процедурите и затоа тешко се доаѓа до кредит. Има неколку моменти кои влијаат на таа оценка, пред се оценката на бонитетот на кредитот. Понекогаш, не со право, стопанствениците се бунат дека не можат да дојдат до средства, меѓутоа отпосле сфаќаат дека сме биле во право.
XS
SM
MD
LG