Достапни линкови

logo-print

Евроскептицизам меѓу политичарите и јавноста


Таканаречениот евроскептицизам во британија не е осамена појава. Го има меѓу политичарите но и во јавноста. Клучниот аргумент на британскиот евроскептицизам е дека идејата што во почеток беше благородна се претвори во својата спротивност. Наместо соработка не слободни демократски општества Европската Унија создаде супер држава во брисел одземајќи им го суверенитетот на земјите членки.

Официјална позиција на Британија е јасна. Државата сака да продолжи да игра клучна улога во продлабочувањето на процесот на европската интеграција. Во таа смисла премиерот Тони Блер вели

„Британија мора да биде во центарот на Европа. Сега 25-те земји, обединети по векови на конфликти, сочинуваат најголем економски пазар и најсилен политички сојуз на светот. Повлекувањето од него би било самоуништувачко.“

Но мнозинството Англичани, се чини, не го делат мислењето на Блер. Според последната анкета на јавното мислење 58 проценти од испитаниците би сакале повторно преговарање за некои договори на Унијата со што таа би се станала едноставен трговско-економски сојуз. Овој тренд е уште повисок кај младите –дури 68 насто.

Такво мислење за Унијата има и лидерот на конзервативната опозиција Мајк Хауард кој вети дека доколку неговата партија дојде на власт ќе се залага за повторно преговарање околу британското членство во Унијата. Хауард не е единствениот евроскептик меѓу британските политичари. Малком Пирсон е независен конзервативец, член на Горниот дома на парламентот

„Мислам дека на времето европскиот проект беше благороден проект. Тие што го покренаа го направија тоа од најдобри намери да ја спречат војната во Европа. Но овој проект сега ги исклучува луѓето од процесот на донесување одлуки, им го одзема суверенитетот на државите.Големо незадоволство почнува да се забележува. Целиот европски проект би требало да биде напуштен. Европа би требало да биде Европа на демократиите кои меѓусобно соработуваат, слободно тргуваат и се поврзани преку НАТО.“

Пирсон вели дека политичките елити на новите земји членки го излажале сопствениот народ привлечени од големите бриселски плати. Според него и последните случувања околу формирањето европска комисија се аргумент повеќе на евроскептицизмот

„Проектот продолжува во погрешна насока. Сега имате нова европска комисија со 6 поранешни комунисти и двајца поранешни лажговци. Едноставно не гледам перспектива за новата комсиија во таков состав.“

Овој независен член на Горниот дом на британскиот парламент го подржува ветувањето на лидерот на конзервативната опозиција Мајк Хауард за повторно отварање преговори околу британското членство во Унијата. Тој смета дека бројот на евроскептиците и во другите земји – членки не е голем само во Британија и оти тоа ќе се докаже со рефередумите што низ Европа ќе се одржат околу новиот европски устав.
XS
SM
MD
LG