Достапни линкови

Египет: Средба за миривниот план меѓу Израел и Палестинците


На маргините на конференцијата за Ирак во Шарм ел Шеик преставници на Обединетите Нации, Соединетите Држави, Русија и Европската Унија се состанаа за перспективите на примената на таканаречениот роад мап - мировниот план меѓу Израел и Палестинците. Генералниот секретар на Светската Организација Кофи Анан по средбата со министрите за надворешни работи на Соединетите Држави Колин Пауел, на Русија Сергеј Лавров, и Хавиер Солана и Бен Бот од Европската Унија изјави дека е охрабрен од перспективите за решавање на конфликтот. Анан рече дека сите страни се определени да им помогнат на палестинците на 11 Ноември да изберат нов лидер по смрта на Јасер Арафат.
XS
SM
MD
LG