Достапни линкови

Нови преговори, со или без претседателот и меѓународниот фактор


Субјектите на политичката сцена со различни размислувања по прашањето, што по одржувањето на референдумот во случај ако биде успешен. Во владеачката коалиција сметаат дека по завршување на референдумот Македонија ќе влезе во зона на нови преговори, но оттаму без конкретен став во случај ако успее референдумот, на кој начин ке треба да се договорат политичките партии за нов закон за територијална поделба. Потпретседателката на владата Радмила Шеќеринска во изјава за медиумите рече:

„Било која варијанта да се случи, владата ја има одговорноста да ги врати работите во нормален тек. Меѓутоа, тој нормален тек ќе значи нови преговори. Кој се ќе улествува на тие преговори? Колку долго ќе траат? Дали ќе учествува официјалната опозиција, ќе се внесеме во зона на нови преговори.“

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека по успешен референдум разговорите не треба да бидат под покровителство на претседателот Бранко Црвенковски, а за земјата е најдобро да не биде вклучен ни меѓународниот фактор. Главен збор во разговорите треба да имаат експертите:

„ВМРО-ДПМНЕ верува на македонските експерти и академиците од МАНУ,“

изјави Александар Бичкилиски. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ во опозициската ДПА посочуваат дека во нови разговори неопходно е да бидат се вклучат меѓународните претставници:

„Тие разговори треба да бидат под покровителство на меѓународната заедница, независно од учеството на експертски тимови,“

вели Сулејман Рушити. Во ПДП пак сметаат дека потписниците на рамковниот договор треба да продолжат да разговараат под покровителство на претседателот Црвенковски за сите спорни прашања:

„Требало и пред да дојде до ова да продолжи континуитетот да се сретнуваат потписниците на Рамковниот договор.“

Претставниците на меѓународниот фактор пак велат законот за територијална поделба е дел од Рамковниот договор и оти тие постојано им помагат на властите во земјава во неговата имплементација:

„Ние ке продолжиме да го правиме тоа. Нашата улога е многу јасна во тој дел,“

изјави Шина Томсон од канцеларијата на Европската унија во земјава.
XS
SM
MD
LG