Достапни линкови

Приштина: Одзивот на изборите 53 насто, одзивот на Србите симболичен


53,08 од избирачите со право на глас на Косово гласаа вчера на парламентарните избори во покраината, соопштија официјални претставници на изборната комисија. Според извештаите, одзивот на Србите бил симболичен. Нема извештаи за поголеми инциденти. Шефот на мисијата на ОН за Косово Сорен Јесен Петерсен, изјави дека стравот им го „украл“ демократското право на власт на некои луѓе. Србите во покраината добиваат десет места во парламентот, без оглед на резултатите на изборите, а не се очекува ниту една од четирите главни политички партии на Албанците да добие мнозинство. Првичните резултати ќе бидат познати во понеделник.
XS
SM
MD
LG