Достапни линкови

logo-print

Владата не ги исполни ветувањата за излез од економската криза


Владата нема ниту идеја ниту капацитет како да се справи со проблемите иако кога дојде на власт со фанфари најавуваше дека нејзината програна е подготвувана од 300 врвни експерти кој нудат одговор на сите нерешени прашања, коментира првиот човек на Сојузот на синдикатите на Македонија, Ванчо Муратовски. Не е возможно да се тврди дека ова е квалитетна влада, а досега да нема резултати во поглед на нови вработувања, странски инвестици, раст на индустриско производство, намалување на трговскиот дефицит:

„Тоа беа само празни приказни, дека имаат и тим и идеи за како да се излезе од кризата. Повеќе од очигледно е дека немаат ниту тим, ниту пак знаат како да излезат од кризата и ова е само преживување, со помош на странските понагачи за оваа влада да опстане,“

вели Муратовски. Постојаното вадење на власта дека некој друг е виновен зошто изостануват ветените резултати повеќе не е аргумент на кој може да му се верува:

„Не е тоа дека дупките што ги направила претходната влада ги попречува побрзо да се излезе од кризата. Дупките сигурно биле големи, но не такви да не може за две години да се мрдне од мртва точка.“

Најлошо е што владата не создава услови за нормалан работа и на оние компании кои веќе функционираат , а последиците се бројот на вработените кои остануваат без работа постојано се зголемува, а и се поголем број од оние што работат нередовно ги примаат своите месечни примања:

„На законодавен план владата не прави ништо за подобрување на условите за стопанисување. И на оние организации што некако може да преживуваат, не им остава простор за тоа и тие паѓаат.“

Арогантниот однос на власта кон граЃаните се рефлектира И на релација власт синдикат. Досега повеЌе од 1 година немаме никакви контакти со премиерот тврди муратовски.

„Синдикатот и владата, практично немаат никакви односи од минатиот јули месец, кога последен пат се видовме со тогашниот премиер Црвенковски. Од тогаш наваму, немаме буквално никаква средба. Освен средби со некои министри, но и тие обично се јалови без никакви резултати.“

Како резултат на индолентниот однос на власта , од ССМ за крајот на октомври најаваува организирање на масовни протести .

„Му фали на синдикалното движење еден поголем протест, што ќе биде јасен сигнал на власта, дека не може да продолжи во правецот во којшто тргнала и дека треба нешто радикално да се менува, треба некаде во октомври или ноември да го направиме тоа, ако сакаме да и покажеме на власта дека ни е доста од нејзиното апатично однесување.“

Во меѓувреме треба да се работи на извлекуваење на граѓаните од апатијата во која се западнати, и немањето на верба дека нешто може да се промени е ставот на претседателот на ССМ Ванчо Муратовски.
XS
SM
MD
LG