Достапни линкови

Њујорк: Усвоена резолуција за Судан


Советот за безбедност на ОН синоќа усвои резолуција со која на Судан и се закануваат санкции ако не ги прекине злосторствата на арапските паравоени формации во Дарфур кои го тероризираат тамошното селско население , пренесуваат агенциите. За американската предлог резолуција гласале 11 членки на Советот, а 4 биле воздржани. Ова Резолуција предвидува и проширување на набљудувачката мисија на Африканската Унија и истрага за кршење на човековите права , вклучувајки и геноцид.
XS
SM
MD
LG