Достапни линкови

logo-print

Наместо во Струга, годинава во Скопје


Во знак на отпор без продолжување на повеќегодишната традиција, вечерва наместо во Струга, во Скопје започнуваат 43-тите Струшки вечери на поезијата. Додека во Македонскиот народен театар 40-тина поети од странство И 20тина од земјава, ќе присуствуваат на свеченоста по повод поечетокот на струшките вечери, во Струга, Кризниот штаб за опстанок на градот, ќе го запали фестивалскиот оган како симбол на вечниот оган на поезијата. Коментирајќи го денешното отворање на Струшките вечери и паралелната манифестација, градоначалникот на Струга, Ромео Деребан вели:

„Сакам да потенцирам дека Струга годинава, не одржува паралелни Стушки вечери туку се врши само одбележување на СВП, за да не се прекине определен континуитет.“

За време на одржувањето на како што веќе се нарекуваат скопските струшки вечери, организаторите, Управниот одбор и Министерството за култура за церемонијата најавуваат:

„Вечер е отворањето и традиционалното поетско читање „Поетски меридијани“, на кое настапуваат 20-тина поети од целиот свет.“

изјавува Ефтим Клетников од Упправниот одбор.

Неколку недели подоцна и сите настани околу струшките вечери, можеше ли да биде поинаку?

„Доколку Владата не е толку дистанцирана од народот, ми се чини дека се можеше да се среди.“

Коментирајќи ги изминатите денови на убедување, преговарање, околу задржувањето на традицијата на Струшките вечери на поезијата, Клетникот од Управниот одбор пак, вели:

„Да можеше, со разум со добра волја можеше. Мислам дека не требаше да се вмешува Струга во политчка рамка и да се користи политички.“

Камениот мост го заменува Мостот на Дрим, каде традиционано се доделува Златниот венец на добитниците на наградите, овогодинешниот лауреат, португалсиот поет Васко Граса Мура, вели:

„Оваа церемонија за која зборуваат многу луѓе, како и читањето на Мостот на Дрим, на мостот на поезија, сигурно е посебно и единствено искуство. Знам за проблемите меѓу фестивалот и Струга и жалам што не сум во тој град.“

Инаку освен во Скопје дел од СВП се одржуваат и во Охрид.
XS
SM
MD
LG