Достапни линкови

Наџаф: Продолжуваат судирите


Во ирачкиот град Наџаф денеска продолжија борбите меѓу американските сили и приврзаниците на радикалниот шиитски лидер Моктада ал Садр. Агенциите јавуваат дека градот го надлетуваат авиони и оти експлозии се слушале во центарот на градот. Ал Садр вчера го отфрли барањето на ирачката преодна влада да се повлече од Наџаф, најавувајќи дека до крај ќе се бори против американските сили. Генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан синоќа изрази длабока загриженост за ситуацијата во Наџаф. Во шестдневните борби, според американски извори, биле убиени над триста и шеесет ирачки бунтовници.
XS
SM
MD
LG