Достапни линкови

logo-print

Тајланд: Анан ги повика Соединетите Држави да ја предводат битката против Сидата


Генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан ги повика Соединетите Држави да ја предводат глобалната битка против Сидата, оценувајки дека Вашингтон има ресурси за справување со таа катастрофа. На маргините на меѓународната конференција за Сидата во Тајланд, Анан изјави дека Соединетите Држави се фокусирани врз војната против тероризмот и оружјето за масовно уништување поради потенцијалните закани за илјадници луѓе, но додаде дека Сидата веќе однесе 20 милиони човечки животи, а околу 38 милиони се инфицирани.
XS
SM
MD
LG