Достапни линкови

Терористичките групи го користат Интернетот за презентација на своите цели


Терористичките групи се повеке го користат интернетот за презентирање на своите цели. Групите како Ал Каида го користа интернетот за придобивање нови членови, ширење на пораки и слично. Се поставува прашањето зошто надлежните институции не можат да ја следат трагата на терористите по интернет страните, како што е тоа можно со телефонските разговори.

Со цел да се подобри борбата против тероризмот неопходно е да се вклучат и сите експерти од областа на комјутетската техника, хакерите и слично. Причината за ова е праксата на терористичките групи како Ал Каида да ги пренесува пораките, да регрутира нови членови, како и да обезбедува финансиски средства преку интернет. Надлежните институции за спроведување на законот се обидуваат со техничките можности кои им се на располагање да стигнат до припадниците на терористичките групи преку веб страните. Џејмс Киркхоп од Вашингтонскиот центар за истражување на терорзмиот, работи токму на откривање на врските мегу тероризмот и технологијата. Тој вели дека штом ке се појави сајт на некоја терористичка група, надлежните институции низ цел свет почнуваат да ја следат трагата и да го затворат или забранат.

„Еден од главните чекори што ги прават агенциите за спроведување на законот е идентификацкија на серверет на секој поединечен сајт и тоа обично е изворот што го следат за да ја забранат веб страната“

Но задачата не е така едноставна. Додека секој сервер или комјутер на интернет имаат единствена адреса, лоцирањето на интерен страна не е така едноставно, како што тоа е случај на пример со следењето или откривањето на телефонските линии. Една од главните пречки е природата на интернетот – релативно отворена област и не до крај регулирана, во која постои голема мегусебна поврзаност. Киркхоп вели дека терористичките групи ја поврзуваат интернет страната со повеке сервери. И на овој начин тие во суштина го кријат идентитетот на оргиналниот сервер, како и авторот на интернет страната

„Терористите ке го поврзат сајтот со уште два или три други интернет сајтови. И така тешко е да лоцирате кој внесува нови информации на интернет страната, бидејки секој може да го направи тоа.“

Киркхоп посочува дека пробллемите почнуваат кога ке се пронајде серверот, бидејки само неколку земји имаат закони за ваков вид на криминал. Дури и во Соединетите држави каде што по терористичките напади во 2001 година е усвоен Патриотскиот акт, обвинувањето на авторите на ваков вид на сајтови се покажа како тешко. За да се надминат правните и технички празнини, произлегоа групи кои работат на пронаогање на авторите на овие сајтови. Тие работат анонимно, најчесто од дома и користат најразлични методи за идентификација на можните терористи. Една ваква група неодмна успешно идентификуваше еден американски војник осомничен дека дава информации на Ал Каида и сега за него се води истрага. Но, најчесто работата на овие група е на граница на легалноста, бидејки најчинот на кој ги откриваат лицата, повикувајки ги да се откријат самите преку мегусебни разговори не е дозволено.
XS
SM
MD
LG