Достапни линкови

Предадена власта на привремениот премиер на Ирак Илјад Алави


Американскиот администратор Пол Бремер, како што јавуваат агенциите, на скромната церемонија одржана во добро чуваната таканаречена Зелена зона во Багдад му ги предаде официјалните документи за предавање на власта на привремениот премиер Ијад Алави.

„Ќе го напуштам Ирак уверен во неговата иднина, уверен дека ирачката влада е подготвена да се соочи со сите предизвици.“

Рече Администраторот Пол Бремер, кој по тринаесет месеци минати на оваа функција, денеска го напушта Ирак. Алави, оценувајќи дека станува збор за историски ден, изрази увереност дека неговата влада ќе биде способна да ја контролира безбедносната ситуација во Ирак.

„Би сакале да им се заблогадариме на колаицијата, владите и лидерите на таа коалиција и на нивните народи што му помогнаа на Ирак да ја стабилизира својата безбедност. Очекуваме коалицијата да ја продолжи поддршката за Ирак.“

Претходно во Истанбул, пред почетокот на самитот на НАТО, ирачкиот министер за надворешни работи Хошијар Зебари изјави дека многу ирачани сега ќе застанат зад преодната влада.

„Од нас ќе зависи дали ќе научиме да ја контролираме нашата земја. Контролирањето на безбедносната ситуација за нас ќе биде најважен тест дали сме дораснати на овој предизвик.“

изјави Зебари по средбата во Истанбул со британскиот премиер Тони Блер. Предавањето на власта во Ирак беше планирано за триесети овој месец.
XS
SM
MD
LG