Достапни линкови

Македонија во маѓепсан круг на загубени вредности


Македонија живее период во една состојба на аномија, вели професор Јован Корубин, во која повеќе ги нема старите вредности, а нема ниту нови кои ќе го трасираат идниот развој. Се што се прави е на краток здив, а политичките елити, годините наназад покажаа дека немаат концепти за развој на државата, туку спроведоа сурова борба како да се дојде до власт:

„На Македонија сепак и недостасува една национална програма за тоа како таа треба да оди понатаму. Значи, кој и да дојде на власт мора да ги почитува тие принципи. Македонија ја нема таа програма, нема таква визија.“

Сето ова, вели социологот Корубин, кај граѓаните раѓа чувство на бесперспективност, дека се нема визија за нивните реални животни проблеми:

„Од друга страна, таквата ситуација генерира една ретроградна свест, една носталгија, едно размислување за минатото, и сето тоа пак, создава ситуација на давање извесен отпор кон промените коишто треба да се спроведат и треба да се спроведуваат и кој отпор уште повеќе ја отежнува ситуација пак на политичкиот фактор за да може нешто да спроведе. Значи, појавува еден маѓепсан круг, од којшто Македонија подолго време не може да излезе.“

Всушност, и граѓаните не веруваат дека политичките елити постојат за да ги решат нивните проблеми:

„Гледаат само сопствени интереси.“
„Политичарите гледаат само за себе, да дојдат млади, чесни луѓе, со амбиции да им помогнат на граѓаните.“
„Денес е најлесно да се биде политичар, зашто тоа е единсвено загарантирано работно место.“


Професор Иво Трајковски, исто така смета, дека иако за актуелните состојби влијае и опкружувањето, се согласува дека еден дел од граѓаните се резугрнирани, а ниту пак очекува дека ќе има некои тектонски поместувања. За расположението на народот, вели тој, говорат не само последните, туку одговор ќе дадат и претсотјните избори:

„Граѓанството е зрело дека не може да очекува премногу од своите партии, тие се во таа состојба каква што се, и во однос на своите капацитети, но и во однос на положбата на Македонија во општото опкружување.“
XS
SM
MD
LG