Достапни линкови

Општествените науки и годинава најинтересни за студентите


Општествните науки и годинава најинтересни за новите студенти. Најголем интерес пријавените кандидати изрзиле за филозофскиот факултет, по што следат Економскиот и Правниот. Производните насоки за новите студенти повторно во втор план. Тоа се должи пред се на немањето стратегија вели социјологот Петре Георгиевски

,,Политичкиот фактор е доминатен во сите области, и затоа ние немаме ниедна стратегија, а транзизицијата веќе одмина. Ние значи сме последни и прашање е дали успешно ќе ја завршиме, тоа е клучното прашање. Ние немаме стратегија за економскиот развој, за социјалниот развој, за културата, за образвоанието.“

Колку за илустрација, за запишување на Филозофскиот факултет пријавени се околу 800 кандидати на економскиот 750 а на градежниот факултет само 50 канидидати.

„Зошто сега редовно големиот интерес за факултетите за општествените науки, отколку за оние што се поврзани со производството? Тоа е од причина што стопанството во Македонија е разорено. Големите производствени капацитети како Железара, Металскиот завод и низа други градежни претпријатија, ја немаат можноста да примаат кадри и веќе нема таков интерес за тие струки, за тие факултети.“

Социјологот Георгиевски вели дека текничките факултети бараат по прецизни знаења отколку општествените:

„Тие факултети, бараат многу попрецизни знаења од математика, физика, а ако земеме нашите средношколци сега, имаат недоволно продлабочено знаење од овие предмети, и затоа шансата ја гледаат во општествените науки, а во Економскиот и во Правниот факултет, дијапазонот на можности за вработување, сметаат дека е поголем.“
XS
SM
MD
LG