Достапни линкови

Продолжуваат преговорите меѓу коалиционите партнери


Преговорите меѓу коалициските партнери во Владата во однос на Законот за финансирање на единиците на локална управа, законот за град Скопје и законот за територијална распределба продолжуваат и наредниве неколку дена.

Консултциите се вршат без присуство на опозициските партии и Здружението на Единиците на Локалната Самоуправа. Гледаме вулгарно меѓупартиско договарање и пазарење меѓу владините партнери велат во најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ:

„Имаме една ситуација, во којашто наместо сите да бидат задоволни од овој процес на децентрализација, сите да бидат незадоволни. Некој ќе рече дека тоа е суштината на компромисот, меѓутоа, не е така, затоа што во случајов, политиката наместо да ги решава проблемите на граѓаните, таа ги создава.“

изјави портпаролот Влатко Ѓорчев.

ВО ДПА велат дека ново старата влада продолжува да ги игнорира сугестите и ставовите на опозицијата кога се во прашање важни законски проектѕи кои произлегуваат од Охридскиот договор:

„Тоа значи дека со донесувањето на овој пакет закон ќе се заокружи она што ние го викаме девијација од Охридскиот догвор.”

изјави портпаролот на ДПА Сулејман Рушити. Во преговорите треба да бидат вклучени не само опозицијата туку и ЗЕЛС вели претседателот на ова здружение Горан Ангелов.

„Веќе ги отврдивме нашите минималистички ставови под кои не можеме да се спуштием во преговорите и ќе бараме поготово во областа на финансирањето, мерки за децентрализацијата да успее, бидејќи ако нема доволно пари, децентрализацијата во старт ја осудувате на неуспех.”

Изјави претседателот на ЗЕЛС Горан Ангелов.

На вчерашните разговори во Владата станало збор и за четириесетината референдумските изјаснувања од кои само мал дел од нив се прифатени. Тоа неодамна го најави и Министерот за локална самоуправа лександар гештаковски во интервјуто за Радио Слободна Европа

Свесни за тоа се и во ЗЕЛС:

„Факт е и реална состојба дека не може да ги прифатат сите рефрендумски изјаснувања.”

вели Ангелов. Законот за Град Скопје нема та претрпе поголеми измени од првичната форма. Скопје останува со девет опШтини. Во една од нив албанците ќе бидат доминантно население вели министерот за локална самоуправа Александар Гештаковски:

„Со првичниот предлог, такво решение постоеше и сеуште постои, тоа е општината Чаир.”

Пакетот за децентрализација го сочинуваат 40 закони кои треба да се донесат во релативно краток временски период. По завршувањето на коалициските преговори се очекува пакетот закони за децентрализација в среда да биде ставен на дневен ред на седница на Владата, а веќе од четврток да влезе во собраниска процедура.
XS
SM
MD
LG