Достапни линкови

Главна причина безработицата


Повеќе од 145 илјади македонски семејства или 25, 32% живеат без деца, а дури 125 илјади брачни парови во земјава имаат само по едно дете. Едноставно кажано секое четврто семејство во Македонија е без, а секое трето, со само едно дете.
„Навистина е храброст, во држава која не нуди никаква сигурност за младите брачни двојки, да се создава семејство од по две или повеке деца,“ раскажува нашата соговорничка која заедно со својот сопруг е во онаа статистичка група на млади кои и покрај скоро десет години брачен живот, не се решаваат на проширување на своето семејство со уште едно дете:

„Имаме една ќеркичка од три години и разбирливо е дека една плата од не цели 10,000 денари не е доволно да се издржува едно просечно семејство. Со оглед на трошоците околу плаќањето на сметки и храна, навистина се огромни. Јас не работам иако сум дипломиран економист и токму поради ова не се решаваме за второ дете.“

Невработеноста, и крајно лошата економска ситуација во државава, е причина за ваквиот алармантен податок, околу опагањето на наталитетот, објаснува експертот од оваа област професор, Никола Панов:

„Една од основните причини е невработеноста на младата популација. Имаме 400,000 невранотени. Од тие 400 илјади сигурно 80 насто се млада популација. И нормално дека ако нема вработен член во семејството, популацијата ќе се намали.“

Толку е драстично опагањето на наталитетот, Што надлежните институции навистина ке мора во скоро време, да понудат соодветна стратегија за реШавање на овој проблем, вели профессор Панов.

„Да сме во Централна Африка, па смртноста е голема поради најразлични болести итн, меѓутоа во центарот на Европа да се случуваат вакви аномалии демографски тоа е нон сенс.“

Проблемот со прирордниот прираст, се чувствува И кај останатите заедници во земјава, но сепак тој не е на толку загрижувачко ниво како кај македонската популација.

„Овие негативни економски ефекти ги чувствуваат сите, Македонците најмногу, но не се од тоа оперирани нуту Албанците. Со тоа што некаде до 90-тите години, природниот прираст кај нив се одвиваше со многу брзо темпо, сега и кај нив се намалува, но тие имаат многу млада популација.“

објаснува професор Панов.
XS
SM
MD
LG