Достапни линкови

logo-print

Бајконур: Успешно лансирана руската ракета „Сојуз“


Руската ракета Сојуз во која се наоѓаат еден руски, еден американски и еден холандски космонаут, изутрината успешно е лансирана од космодромот Бајконур. Сојуз в среда би требало да се спои со Меѓународната вселенска станица, а космоанутите Генадиј Падалка и Мајкл Финки треба да ги заменат Алексеј Калериј и Мајкл Фоул, кои престојуваат во вселената од октомври минатата година. Холандскиот космонаут по 9 дена ќе се врати на земјата.
XS
SM
MD
LG