Достапни линкови

Според ДИК, гласањето без проблеми


Над милион ипол граѓани запишани во Единствениотѕ избирачки список од 7 часот утрово на вкупно 2.973 гласачки места, избират нов претседател на државата. Граѓаните избираат меѓу четворица кандиидати: Зуди Џелили од ДПА, Бранко Црвенковски од СДСМ, Гзим Острени од ДУИ и Сашко Кедев од ВМРО-ДПМНЕ.
Гласањето досега се одвива без проблеми, информираат од ДИК:

„Освен на едно гласачко место, на другите гласачки места, од 2973 колку што има вкупно во државава, гласањето се одвива без проблеми. Имаше проблеми и во село Новаке, Тетовско, но гласањето по интервенција на Општинската изборна комисија гласањето е започнато и се одвива без проблеми. А, според информацијата што ја имаме од општинската изборна комисија во селото Црн Врв поради локални проблеми гласањето е прекинато, односно воопшто не е почнато. До 10 часот вкупниот одзив е 5,18 насто. По општини одзивот е различен и се движи од два до три насто, до најголемиот околу 25 насто.“

изјави порпаролот на ДИК Зоран Таневски.

Претседателските избори во земјава ги наблудуваат над 4 илајди домашни и странски наблудувачи од кои најбројни се наблудувачите од невладината организација Моста која брои над 3 илјади наблудувачи. Бројот на странските монитори на претседателските избори во земјава за разлика од претходните параментарни избори што се одржа 2002 година е значително помал.
Инаку Државната изборна комисија првичните официјални резултати од изборите треба да ги соопшти 24 часа по нивното завршување, а конечните најдоцна три дена по нивното завршување.

Вчера гласаа внатрешно раселено лице, затворениците и притворените лица, болните и изнемоштените како и лицата кои во моментов се на отслужување на воениот рок во Армијата на Република Македонија.

Гласовите на овие категории граќани се запечатени и ќе бидат избројани по завршувањето на првиот круг гласање, вечерва во 19 часот.
XS
SM
MD
LG