Достапни линкови

Вашингтон: Буш ги отфрла обвинувањата дека требало да дејствува за спречување на 11 септември


Американскиот претседател Џорџ Буш ги отфрли обвинувањата дека требало да дејствува во врска со предупредувањето за можните терористички активности во Соединетите Држави. Тој изјави дека не постоела некаква специфична информација според која би дејствувал за да ги спречи нападите во две илјади и првата година. Во Вашингтон деновиве е објавено дека Федералното истражно биро, една недела пред тие напади му испратило предупредување на Буш во кое се вели дека мрежата на Осама бин Ладен планирала грабнувања на авиони во Соединетите Држави.
XS
SM
MD
LG