Достапни линкови

logo-print

Багдад: Американските сили ги запреа воените операции во Фалуџа


Американскиот администратор во Ирак Пол Бремер денеска во Багдад соопшти дека американските сили ги запреле воените операции во Фалуџа. Тој објасни дека овој чекор бил преземен со цел во градот да пристигне хуманитарна помош и да започнат првични разговори со бунтовниците. Американската војска во почетокот на оваа недела покрена голема офанзива против сунитските бунтовници во Фалуџа. Според болнички извори, во борбите досега загинале над триста ирачани. Инаку, според последните информаци, американските сили денеска успеале по дводневни битки да ја преземат контролата во градот Кут кој беше во рацете на приврзаниците на шиитскиот верски лидер Моктада ал Садр. Американската команда најави дека наскоро ќе преземе офанзива против шиитите кои под своја контрола имаат уште неколку ирачки градови.
XS
SM
MD
LG