Достапни линкови

Приштина: На Косово мирно пред погребот на децата што се удавија во Ибар


На Косово денеска е мирно, но напнато поради можните инциденти за време на денешниот погреб на две од трите албански деца кои на 15 март се удавија во реката Ибар. На погребот на децата во селото Чабар се очекува да присуствуваат неколку илјади луѓе, меѓу кои и косовскиот премиер Бајрам Реџепи, владини министри и високи меѓународни претставници на Косово. Засилени едници на КФОР се поставени во и околу селото за да се спречат евентуалните нереди, имајќи предвид дека на само два километра од Чабар се наоѓа српското село Зубче. Двете деца што ќе бидат погребани се синови на поранешниот командант на ОВК, а сегашен припадник на Косовскиот заштитен корпус Кадри Вејсели. Третото дете што се удави во Ибар ќе биде погребано кога ќе завршат обдукацијата и првичната истрага околи неговата смрт. Веќе два дена не се регистрирани инциденти ни во Косовска Митровица каде што се водеа најжестоките судири меѓу локалното албанско и српско население.
XS
SM
MD
LG