Достапни линкови

Македонските компании искористиле само 20 насто од средствата за промоција на извозот


Финансиските средства, што на компаниите им следуваат од Министерството за економија за нивна извозна промоција во рамки на меѓународните саеми, односно
печатење на пропаганден материјал, мултимедијални изданија, пласман на производите не се доволно искористени од страна на македонските фирми. Имено, само 15% од вкупните средства од оваа програма, биле искористени во текот на минатата година.

„Ние според програма ги враќаме парите што ги уплаќаат компаниите, 0,1 насто увоз – извоз кон оние компании што се извозно ориентирани. Искористеноста на тие средства во 2003 беше незадоволителна. Процентот е некаде околу 20 насто искористеност на тие средства.“

Според македонските производители, виновникот за нивниот слаб интерес е неазурноста на Министерството за економија. Од оваа институција пак, одговараат дека причината се преголемите ,,апетити,, на македонските компании за покривање на трошоците при нивната промоција на интернационалните саеми.

„Тие се жалат, зошто според минатата програма само 50 насто од трошоците се покриваат. Тоа беше за да има пари за сите. Ние се плашевме дека ако во 2003 ги покриваме 100 насто трошоците ќе нема пари за сите што сакаат да одат. Видовме дека многу малку компаниите се заинтересирани на саеми. Така што, веројатно во новата програма ќе се предложи сто насто од средствата.“

Интересно е што кај македонските компании за разлика од неискористеноста на средствата за нивна промоција, постои пак голема заинтересираност за добивање на поволни кредити за извозно производство.

„Имено, банката дава поволни кредити во фазата на извоз, со пониски каматни стапки од она што го прават комерцијалните банки. Втор финансиски продукт што се нуди на овој пазар, и ние сме единствена институција што тоа го нуди, е осигурувањето на македонските продукти на трети пазари. И можам да кажам дека со овие продукти се поддржа извоз од околу 100 милиони долари.“

Објаснува Илјо Иљовски, Директор на Македонската Банка за поддршка на развојот.
XS
SM
MD
LG