Достапни линкови

Њу Хемпшир: Џон Кери победи на изборите за претседателски кандидат во Њу Хемпшир


Американскиот сенатор Џон Кери победи на изборите во Њу Хемпшир за кандидат на Демократската партија за предизвикувач на актуелниот претседател Џорџ Буш во ноември годинава. Второто место му припадна на поранешниот гувернер на Вермонт Хауард Дин, а третото на пензионираниот генерал Весли Кларк. Сенаторот Џон Кери победи и на претходните такви избори што во минатата недела се одржаа во Ајова. Трката во Демократската партија продолжува во идната недела, односно на таканаречениот голем вторник кога гласачите во седум држави ќе треба да го направат нивниот избор за кандидат кој ќе му се спротивстави на Џорџ Буш.
XS
SM
MD
LG