Достапни линкови

Жителите на Ајова го почнуваат процесот на избирање кандидат на демократите


Жителите на американската држава Ајова денеска го почнуваат процесот на избирање на кандидатот на Демократската партија кој ќе го предивика актуелниот претседател, републиканецот Џорџ Буш на изборите во ноември годинава. Според последните анкети спроведени во Ајова, најмногу шанси имаат четворица кандидати.

Станува збор за Хаурад Дин, поранешен гувернер на Вермонт, Ричард Гепхард, член на претставничкиот дом од Мисури, сенаторот Џон Едвард од Северна Каролина и сенаторот Џон Кери од Масачусетс за кои, според анкетите, се определиле по пет проценти од гласачите. Тоа покажа дека ова е најтесна и најинтензивна кампања во историјата на ваквите предизбори во Ајова.

„Тука сме за да го одбележиме почетокот на крајот на претседателствувањето на Буш. Почнува тука во Ајова и ве молам да ми се придружите во тие напори.“

Побара на еден од своите митинзите во Ајова сенаторот Џон Кери. Инаку, еден од водечките демократски кандидати, пензионираниот генерал Весли Кларк не се натпреварува на овие предизбори, бидејќи тој, како што изјави, своите напори ќе ги фокусира на оние што кон крајот на месецот ќе се одржат во државата Њу Хемпшир. Природата на ваквиот предизборен процес е поразлична од онаа на претседателските избори, односно гласањето е јавно со што гласачите вршат своеведиден маркетинг за своите кандидати. Денис Голфорд е шеф на одделот за политички и меѓународни односи на Дрејк Универзитетот во Ајова. Тој објаснува зошто овој процес е важен кандидатите.

„Најдобар начин да се сфатат овие пред избори е ако се споредат со загревање на автомобилите пред некоја трка. Избирачите имаат свои кандидат и сакаат да видат како тие ќе се тркаат, односно дали ги имаат потребни коњски сили.“

Според Голфорд, конзервативната Ајова е добар тест за способноста и за можноста на кандидатите да победат и во другите американски држави.

„Демократите во Ајова се заинтресирани за истите прашања како и демократите во целата земја, социјалната безбедност, здравствената заштита, војната во Ирак. Но тие, очајнички сакаат некој што ќе го победи претседателот Буш. Тие се лути и разочарани што за прв пат во изминативе пеесет години целосно се надвор од власта во Вашингтон. Долго време републиканците имаат контрола врз администрацијата, Претставничкиот дом и Сенатот.“

Вели Голфорд. Сепак победата во Ајова не е гаранција за добивање номинација да се биде контракандидат на актуелниот претседател Џорџ Буш во ноември годинава. Такво искуство имаат неговиот татко и Бил Клинтон кои пред да станат претседатели загубија на пред изборите во Ајова.
XS
SM
MD
LG