Достапни линкови

Тбилиси: Грузија ќе го задржи курсот кон евро-атлантските интеграции и пријателски односи кон Русија


Грузија ќе го задржи курсот кон евро-атланските интеграции и ќе воспостави добри и пријателски односи со Русија, изјави претседателскиот кандидат Михаил Сакашвили, кој според првичните резултати од вчерашните вонредни претседателски избори, е во убедливо водство. Тој најави дека негов највисок приоритет ќе биде битката против корупцијата. Сакашвили во ноември ги предводеше демонстрациите во Грузија поради кои Едуард Шеврнадѕе беше принуден да си поднесе оставка.
XS
SM
MD
LG