Достапни линкови

logo-print

Воздржани оценки за успешноста


Оценките за успешноста на акцијата за доброволно предавање на илегалното оружје остануваат воздржани кога станува збор за бројот на собраните парчиња, но едно е сигурно акцијата го отвори и дефинира проблемот.

„Мислам дека од аспект на подигањето на свеста на граѓаните за овој проблем акцијата е навистина успешна,“

вели аналитичарот на инситутот за воено и мирнодобско известување Дејвид Квин. Тој додава ако ги споредиме резлутатитѕе со оние на пример на Косово каде во последната акција се собрани одвај 150 парчиња:

„Македонските напори во овој месец дена можеме да ги оцениме како релативно успешни.“

Владимир Пандовски пак од Националната асоцијација за оруже смета дека фактот што акцијата наиде на слаб одзив во поранешните кризни региони загрижува:

„Бидејќи претпоставките се дека во овие подрачја има голем број нелегално оружје и тоа од воена проминенција. Така што, активностите во наредниот период треба да бдиат нагласено фокусирани во овој регион.“

Пандовски се согласува дека од аспект на анимирањето на јавноста за потребата од ослободување од оружјето акцијата спроведена за месец дена напарави многу, но сепак тој смета дека работата е далеку од завршена:

„Па, мислам дека оваа акција е почеток на еден процес, којшто веројатно ќе трае во наредната деценија, што впрочем го покажуваат и искуствата од соседните земји. Нелегалното оружје, граѓаните тепко го предаваат и уште од сега треба да се размислува како понатаму, кои се тие модели, мерки и активности коишто треба да се преземат, за бројката на нелегалното оружје дополнително да се намали.“

Според Дејвид Квин вистинското прашање сега е ефикасноста во спроведување на законот што ја регуилира оваа проблематика:

„Во следните шест месеци ќе се види дали и како промените во законската регулатива се применуваат на теренот. А, според законот од вчера кога истече рокот за амнестија граѓаните што не се одзваа на акцијата а поседуваат воено оружје.“

„Ризикуваат да добијат казни од три до десет години затвор и праична казна од 300000 денари.“
XS
SM
MD
LG