Достапни линкови

Наместо стимулација, платите демотивирачки фактор


Проблемот на ниски плати во образовaнието, наукатa и културата во нашата земја е присутен во измнатите десетина години. Во тој период досега не се направени никакви покачувања на личниот доход што во просек се движи од 5 до 15 илјади. Во таа насока најдрастичен е примерот на стандардот на вработените во науката:

„Платите на вработените во научните институции, на највисоките звања, значи научен советник или редовен професор, изнесуваат некаде околу 280 до 300 евра,“

Директорот на иснтитутот за национална историја Др Тодор Чепреганов потврдува дека таквите примања продуцираат ситуација во која научните, се сведени на бирократски работници.

„Тоа се пари со коишто едноставно секој вработен може да преживува, а во однос на своето унапредување, да вложи нешто во натамошната кариера е многу тешко.“

Дестимулиарнсота поради ниските плати претствува атмосфера што преовладува и меѓу вработените во високо обарзовните институции.

„Не само што не стимулира, туку можеби и демотивирачки делува, затоа што. Кога работите во образовна институција мора постојано да се унапредувате, да купувате книги, да следите нови текови во образованието, не можете да ги следите тие светски трендови со плата од 300 евра.“

вели асистент Тања Стојановска од катедрата по социлогија на Филозофскиот факултет во Скопје. Според принципот на врзани садови проблемот на нискиот стандард во образоавнието се одразува врз квалитетот на работата. Се работи според стари програми бидејќи новите ученбници чии автори се домашни професори чинат скапо посочува Стојановска.Во една општа ситуација на сиромаштија во државава прашање е колку е раелно да бидат зголемни платите во образованието вели директорот на институтот за национална историја Тодор Чепреганов:

„Прашањето е дали ќе може и со штрајк нешто да се постигне кога некој од надвор ви диктира што треба да правите, дека не треба да се покачуваат платите, дека тоа оди на штета на економијата и сето тоа, значи не зависи од штрајкот, туку дали има реални можности тоа да се направи.“
XS
SM
MD
LG