Достапни линкови

Сто настотно зголемување на разводите


За последните десет години бројот на разведените бракови во Македонија е зголемен за речиси сто насто. Ако во 1983 биле регистрирани 747 брачни заедници, последнава година според податоците од Заводот за статистика тој број се искачил на 1310. Таквата тенденција, според експертите, се должи на економската нестабилниост и на транзициониот период низ кој во минатата деценија помина државата, што истовремено внесе промени во вредносните и животните потреби на индивидуите:

„Се одразува на семејството како основна клетка на општеството. Голем број на невработеност, а истовремено и голем број не луѓе коишто се збогатуваат, придонесува семејствата да стануваат се понестандардни, односно родителите ја губат својата родителска моќ,“

вели Бранкица Дадасовиќ, психолог за семејство и брак во центарот за социјална работа.

Големо влијание за оваа појава има сеуште традиционалната поставеност на семејствата и тешко раскинливата врска со постарите генерации:

„Причини за покренување на постапка за развод може да биде и мешање на родителите од една или од друга страна.“

Според Аница Драговиќ, социолог во Институтот за социолошки и политичко правни истражувања, причина за зголемување на разводите е еманципацијата на жената која станува се повеќе економски независна и свесна за своите права:

„Улогата на жената во семејството се менува. Очекувањата од брачниот живот се поиакви од минатото. Ако во минатото жената била таа што треба да се грижи за семејството, а таткото е тој што треба да заработува доаѓа до одредени промени.“

Покрај тоа што досегашните научни истражувања покажале дека разводот на бракот е каралтеристична појава за економски развиени средини, податоците не само за Македонија, туку и за земјите од регионов кои го минуваат транизициониот период или пак трпат друг вид нестабилност го покажуваат истиот тренд.

„Претпоставка е отворањето кон други форми на живеење. Индивидуата е спремна на алтернативни форми на однесување, односно за намалување на традиционалниот однос на семејството, традиционалниот односкон бракот.“

Сите овие општествени покави придонесуваат и за намалување на бројот на склучени бракови годишно, чија бројка според статистичките податоци во однос на 80-тите е помала за 1000 брачни заедници.
XS
SM
MD
LG