Достапни линкови

Препораките на МКГ се задоцнети


Секогаш сме ги почитувале како добронамерни препораките на Меѓународната Кризна Група, меѓутоа во најмала рака се задоцнети изјави за Радио Слободна Европа советникот за безбедност на претседаелот Борис Трајковски Стево Пендаовски коментирајќи го најновиот извештај на МКГ за Македонија во кој се препорачува на претседателот Борис Трајковски и на премиерот Бранко Црвенковски да престанат со инсистирањата мисијата на евросилите "Конкордија" да си замине во декември годинава, кога и истекува мандатот.

„Тие се во најмала рака задоцнети, затоа што мисијата Проксима не само што веќе има име и се знае нејзината структура и базичните елементи, туку со писмо од владата и од премиерот е веќе побарана и е одобрена во Брисел. Сигурен факт е дека Конкордија завршува на 15-ти декември и нејзиниот наследник веќе се подготвува. Набрзо во Скопје доаѓа, така наречен адвенс тим на Проксима кој ќе ги договори со владата локациите и конкретните модалитети за работа.“

Македонија се уште не може да обезбеди долгорочна стабилност без странско воено присуство, а Владата прикажува премногу светла слика за безбедносната ситуација за да не пропаднат нејзините обиди за членство во НАТО, оценува Меѓународната кризна група (МКГ) во последниот извештај, насловен со „Македонија нема простор да биде задоволна од она што го направила“.
И дел од експертите сметаат дека Конкордија треба да остане и по 15 декември.

„За жал на нашата официјална политичка сцена, посебно луѓето што треба да раководат со овие интеграциони и безбедносни процеси во нашата земја имаат помешани компетенции во нивните однсеувања. Затоа, не ретко се јавуваат и неусогласени изјави и меѓународната заедница не секогаш може да не разбере. И јас сум на мислење дека сеуште е рано да оди од тука европската мисија Конкордија.“

изјави воениот аналитичар Назми Малиќи и поранешен заменик министер за одбрана.

На ова Пендаровски со одговор:

„Во Македонија не можам да видам механизам којшто ќе го врати тој процес назад. Тие размислувања беа присутни кај нас во изминативе неколку месеци, сите опции беа разгледувани во државниот врв. Меѓутоа, се заклучи дека мандатот на следната мисија ќе соодветствува подобро на потребите на МВР и на реформите во секторот на полицијата, така што таа расправа се одвиваше пред месец или два, меѓутоа сега е веќе депласирана.“

МКГ уште вели дека две третини од Македонците и Албанците очекуваат повеќе конфликти во услови на стагнирачка економија, но и дека во поранешните кризни региони има етничка поделба и притисок врз малцинството. Ваквата нестабилност ги оневозможува странските инвестиции.
XS
SM
MD
LG