Достапни линкови

Чеченија: Претседателски избори


Во Чеченија денеска се одржуваат претседателски избори на кои граганите ке го изберат првиот проруски шеф на државата откако руските сили пред четири години влегоа во оваа кавкаска република со намера да се да неутрализираат сепаратистите. Ахмед Кадиров шеф на чеченската проруска администрација кого Москва го постави на чело на републиката во јуни 2000 година, се очекува да победи на изборите, откако останатите посериозни кандидати беа изолирани во последните неколку недели, јавуваат агенциите. Гласачките места и изборните комисии ги обезбедуваат околу 15 илјади припадници на безбедносните сили. Рускиот претседател Владимир Путин за изборите вели дека се важен чекор во планот да се воспостави мир и стабилност во републиката.
XS
SM
MD
LG