Достапни линкови

Македонија за НАТО не е земја што продуцира проблеми туку идна членка


Со благодарниост за ангажманот на првиот човек на НАТО Џорџ Роберстон кој престојува во последна посета на Македонија, претседателот Трајковски и премиерот Црвенковски ги соопштија очекувањата:

„Во мај 2004 година во Истанбул да добиеме појасна порака за наше членство во НАТО“
„На самитот на НАТО во Истанбул да добиеме јасна политичка порака која ќе ги отвори црвсто и непоколебливо перспективите за наше полноправно членство во НАТО-алијансата“


Одговорот на шефот на Алијансата е дека Македонија за Алијансата не е земја која продуцира проблеми туку идна членка. Напредок има, но уште многу треба да се напарви рече Роберсон:

„Реформите мораат да продолжат и напорите за реформи мораат да се удвојат. Вратата на НАТО за членство останува отворена и има цврста перспектива за членство во НАТО“

Неговата порака за македонија е непроменета главната работа што треба да се направи имплементација на рамковниот договор

„Не може да има меѓународна интеграција без внатрешна интеграција“

Иако во агендата на Роберсон не беа средбите со потписниците на охридскиот документ Џафери, Георгиевски и Имери пораката за нив исто така без промени:

„Потписите на господинот Џафери и господинот Георгиевски се уште остануваат на Охридскиот договор и нивниот морален авторитет мора да остане зад него. Охридскиот договор не претставува само основен пат напред за Македонија, туку само единствен пат за иднината на Македонија“

Подобрената состојба во Македонија Роберсон ја демонстрира и со посетата на тетовско Теарце:

„За да покажам колку се нормализирала ситуацијата во државата, дека се добредојдени странските посетители и странските инвестиции во една безбедна земја“
XS
SM
MD
LG