Достапни линкови

Вообичаено, рејтингот на партиите на власт опаѓа


Вообичаено е рејтингот на политичките партии кои се на власт да опаѓа, а на оние кои се во опозиција да се зголемува и тоа не е случај само кај нас, туку и во повеќето земји, посебно во оние во кои се спроведуваат реформи, оценуваат експертите коментирајки ги резултатите од истражувањеата на рејтингот на политичките партии, нивните лидери и владата. Притоа тие посочуваат дека тоа се должи на повеке работи

„Првиот елемент е тоа што партиите на власта за време на изборите влегоа со големи ветувања и нормално граѓаните тоа го прифатија и очекуваа. Едно е да се ветува во опозиција, друго е кога ќе се дојде на власт. Исто така, реформите што оваа влада ги спроведува директно се одразуваат и на животот на граѓаните. Зголемена е невработеноста, нема подобрување на животниот стандард“

„Според мене, тоа најверојатно се должи чисто на трпението на народот, односно на нетрпението. Тоа како што одат владините реформи, тоа се повеќе и повеќе се топи тоа трпение, посебно кај младите кои сакаат сега и веднаш да живеат, а не во некоја ветена иднина при што нема ни рокови. И затоа мислам дека се случува тоа преполовување. Мислам дека политичарите се трудат само како да манипулираат. Оти, видете: во една средина каде што постојат политички концепти а нема рокови, тоа е манипулирање. А кај нас се спомнуваат разни постигнувања – дека вакво ќе биде вработувањето, Охридската спогодба ќе успее, но никој не кажува рок: кога и што?“

велат професорот на Филозовскиот факултет Јован Донев и публицистот Ким Мехмети.

Инаку резултатите од последното истражување на јавното мислење кое го спроведе Мегународниот републикански институт велат дека шеесет отсто од македонските граѓани не и веруваат на Владата. Рејтингот на СДСМ од 23 е намален на 20 отсто, додека оној на ВМРО-ДПМНЕ изнесува 19 проценти. Вербата во ПДП кај Албанците од 1,3, сега е 3 проценти. Во ДУИ пак верувале 12 проценти, а сега 7. Претседателот на ДПА, Арбен Џафери со поддршка од 11, 7 проценти е на врвот на лисатта во споредба со претседателот на ДУИ, Али Ахмети во кого веруваат 7, 3 проценти од испитаниците. Според анкетата 23 проценти одговориле дека доколку сега се организираат избори би гласале воздржано, а 19 нема да гласаат воопшто. За незаинтересираноста на граганите за гласање Донев посочува

„Тоа е секогаш нормална работа. Меѓутоа, тоа не значи ништо, затоа што кога ќе почне предизборната кампања, се подгрева атмосферата, се создава некаков спортски дух и се намалува тој процент. Тоа е нормално околу 30 отсто од луѓето да не можат да се определат дали ќе гласаат и за кого би гласале“
XS
SM
MD
LG