Достапни линкови

Прага: Анализа на Јан Пеликан за состојбите на Балканот


За албанското национално движење, кое во 2001 година можеше да очекува брза независност на Косово, стабилизацијата на состојбите на Балканот би била пораз, а косовоското прашање повторно би можело да се отвори преку Македонија, пишува во денешниот број на весникот Право, чешкиот историчар Јан Пеликан. Албанците на Косово и во Македонија во последните 4 години постигнаа парцијални успеси, но не е остварена конечната цел, а големите сили денес тешко дека ќе се согласат на измена на границите. Пеликан заклучува дека ситуацијата во Македонија е повторно експлозивна како пред две години, а во економската беда не помагаат магливите ветувања за европските интеграции и оти ја чека неизвесна иднина.
XS
SM
MD
LG