Достапни линкови

Париз: Состанок за согледување на последиците од топлотниот бран


Кабинетот на францускиот претседател Жак Ширак денеска ке одржи состанок за согледување на последиците од топлотниот бран што беше причина за смрт на илјадници претежно постари лица во Франција. Според невладините организации од топлотниот бран умреле 10 илјади лица, а владата сметаше дека бројката на смртни случаји е околу 5 илјади. И Италијанската невладина организација Кодаконс, која смета дека околу 3 илјади италијанци умреле поради горештините, ја повика владата да ја објави официјалната бројка. Министерството за здравство во Рим соопшти дека тоа е речиси невозможно да се утврди.
XS
SM
MD
LG