Достапни линкови

Преминот не е отворен поради протести на месното население


Најавеното отвoрање на привремениот граничен премин Тануевци-Деблде е оневозможен од страна на месното население кое го блокирал патот и не дозволува пристап до селото.

Со населението преговараат преставници на МВР предводени од заменик министерот Хазби Лика, И неговиот претходник Фатмир Дехари како и пратеникот од овој регион Џезаир Шакири. За жителите на Танушевци, Брест И Гошинце неприфатливо е местото каде е поставен преминот. Нивните ставови ги пренесува пратеникот Џезаир Шакири:

„Таму кај што сакаат селаните меѓу Селата Танушевци и Дебелде даличината изнесува еден километар, патот е добар, но македонската влада и УНМИК решија преминот да го постават кај месноста Кодра Фура, што им го одалечува патот на жителите од едната и другат страна на границата за 5 километри, и затоа тие не се задоволни со ова решение,“

изјави Џезаир Шакири.

Отворањето на овој привремен граничен премин ќе придонесе за дополнително стабилизирање и релаксирање на безбедносната состојба и ќе ја олесни прекуграничната комуникација на жителите од двете страни на границата, сметат во Македонската влада како И од Цивилната управа на ОН на Косово,

„Ова е акт за олеснување кој е напаравен за доброто на луѓето од тие региони, што значуи олеснување на економските активности на населението И можност тоа непречено да ја работи својата земја. Но луѓето тоа го сфатија како легализација, односно демаркација на граничната линија што всушност не е така. Се работи за мала група луѓе кои се одговорни за протестите И тие нема да не спречат да го отвориме овој граничен премин,“

изјави за Радио Слободна Европа портпаролот на УНМИК Синг Мира.
XS
SM
MD
LG