Достапни линкови

Регионалната соработка клучна на патот кон евроинтеграциите


Регионалната соработка е една од клучните елементи на патот кон евроинтеграциите, изјави Драган Тилев раководител на владиниот сектор за евоинтеграции:

„Сведоци сме на интензивна соработка и активности на сите нивоа на извршната и законодавната власт, од причини што многу брзо препознавме дека регионалната соработка може да биде само плус во целиот процес на европски интеграции и во забрзувањето на патот кон Европа. Европската интеграција, всушност, во својот темел, како еден од основните столбови, ја има регионалната соработка и на тие примери и ние имаме многу позитивни искуства, а и учиме многу работи“

Во рамките на оваа соработка постојат многу теми кои можат заеднички да се разгледуваат, но и да се решаваат многу проблеми, смета Тилев кој додава:

„Кога велиме регионална соработка, не мислиме само на земјите само од процесот за стабилизација и асоцијација, туку уште повеќе регионална соработка со земја членка на Европската Унија, всушност, Грција која е единствена членка на ЕУ од овој регион, како и соработка зо земји кандидати, какви што се Бугарија или Романија. Тоа значи дека регионалната соработка не треба да се сфати само во еден потесен контекст на земјите од процесот за стабилизација и асоцијација туку пошироко. И, се разбира, регионална соработка врз принципите коишто ги преознаваат членките на Европската Унија“.

Дека е од големо значење регионалната соработка се согласува и професорот на правниот факулет Трајан Бендевски:

„Како ние можеме да претендираме да обезбедиме почитување на критериумите и стандардите што важат на целиуот европски континент, ако не направиме порадикални чекори тоа да го обезбедиме и со првите соседи. И поради тоа, во функција на овие критериуми и стндарди, а тоа е и од интерес и на граѓаните на сите држави наши соседи и на Македонија, треба да воспоставиме форми на интензивна економска и друга соработка најпрвин со соседите. И таа логично да се шири на целиот европски континент“.

Поранешниот амбасадор Јован Теговски пак вели дека покрај интензивирањето на регионалната соработка клучно е нашата земја сама да работи во насока на постигнување на европските стандарди. Притоа тој посочува оти Македонија и од самиот почеток се залагала за пристапот дека индивидуланите вредности и резултати треба да бидат одлучувачки во интеграциските процеси:

„Јас мислам дека и понатаму, што се однесува до нас, останува таа заложба дека индивидуалните достигнувања на секоја земја треба да бидат одлучувачки.Во спротивно, знаете, доколку ве стават во една група и доколку се одлучи дека таа група како група земји треба да се приклучи кон било која интеграција, тогаш вие сте осудени да одите по најбавниот пат со таа група“
XS
SM
MD
LG