Достапни линкови

logo-print

Постои можност за нова криза во Македонија


Преставнициоте на меѓународната заедница во нашава земја за прв пат по долго време оценија дека последните инциденти кои се случуваат во Македонија може да влиаат врз безбедносната состојба. Оваа е оценка ја даде портпаролот на ОБСЕ Вофганг Гревен:

„Одоговорот на вашето прашање дали постои можност од нова криза е да. Но, сметам дека политичарите, односно претставниците на власта и опозицијата успешно работат во спречување на ваквите инциденти,“

изјави Гревен. Неговите колеги од Евро мисијата „Конкордија“ и НАТО пак останаа на нивните познати ставови, нова криза во Македонија не е можна:

„Овде во Македонија не гледем ниту една одговорна личност која сака да започне нов конфликт. Освен мала група на поединци кои што живеат со идеите кои што припаќаат на минатото,“

изјави портпаролот на евро-силите мајорот Филип Сулие. Портапоролот на ОБСЕ Волфганг Гревен смета дека бројот на војниците кои се дел „Конкордија“ е мал и тие не можат да ја гарантираат безбедноста на земјата низ целата нејзина територија:

„Мислам дека нивниот број изнесува 350 до 400 војници, и ова очигледно не е доволно за да се гаранираат безбедност на целата територија. Сметам дека државните власти треба да размислат како можат да ги спречат ваквите појави во иднина.“

А, на последната седница на Советот за безбедност нејзините членови ја оценија како успешна мисијата на евро силите во нашата земја, додека за безбедносната сотојба Советот заклучува дека процесот на стабилизација се одвива во позитивна насока, меѓутоа последните инциденти налагаат интензивирање на мерките и активностите на надлежните органи со цел откривање и санкционирање на извршителите.
XS
SM
MD
LG