Достапни линкови

Амнестијата за оние кои избегнале служење војска логична


Аместирањето на оние кои го избегнале служењето на воениот рок придонесува за зголемување на одзивот на регрутите, вели професорот Аупчо Арнаудовски кој посочува дека придонес за зголемениот одзив има и севкупната состојба во државава:

„Ова е едно нецелесообразно, компромисно решение, коешто треба да отвори пат младите натаму да си ги извршуваат своите обврски спрема државата за служење воен рок спрема законските прописи. Веќе се покажува дека процентот на оние кои се јавуваат за служење воен рок постојано се зголемува. Се разбира, и самата ситуација во државата има свој придонес во тоа“

Избегнувањето на служење војска, смета Арнаудовски, е поблем кој е подолго присутен во земјава:

„Надлежните органи не покажуваат доволна организираност за да можат да го спроведат законот за служење на воена обврска. Од друга страна, судовите беа многу спри во тоа и некои од нив, бидејќи постапката траеше долго, наполнија 27 години и го пробија рокот до кога можат да служат војска“.

Професорот посочува оти генерално институтот амнестија нема придонес во правниот систем, без разлика дали се однесува на оние кои го избегнале служењето на војската или на припадници на криманлни и терористички групи. Според Арнаудовски непарведно би било да бидат помилувани учесници во конфликтот во 2001 година, а да не се амнестираат оние кои го избегнале служењето на воениот рок:

„Неправедно е за државата и за луѓето, ако си ги ослободил од одговорност оние кои што пукале и убивале, да не се заземе таков став и за оние кои не влегле во војната. Се разбира, од никакви други туку од лични причини“.
XS
SM
MD
LG