Достапни линкови

Самит на групата осум најразвиени земји во светот


Лидерите на седум-те најразвиени земји плус Русија ќе одржат самит од 1 до 3 јуни во Евијан – Франција со широк спектар економски и политички прашања. Самитот ќе биде и прва средба меѓу американскиот претседател Џорџ Буш и некои од европските партнери по нивните несогласувања околу американската војна во Ирак што буди широк интерес кај светската јавност.

Самитот во Евијан предизвикува посебен интерес поради првата средба меѓу американскиот претседател Џорџ Буш, францускиот Жак Ширак и германскиот канцелар Герхард Шредер по нивните разлики околу Ирак. Според последните изјави се проценува дека односите Буш – Шредер остануваат студени додека, како што се известува дописникот на Радио Слободна Европа, американскиот и францускиот претседател се обидуваат да го поправат впечатокот. На состанокот во Евијан покрај нив учествуваат и лидерите на Русија, Британија, Италија, Канада и Јапонија плус лидери на 24 земји во развој. Самитот се случува во време кога многу од членките на Г-8 се соочуваат со економски проблеми. Германија, како и Италија се блиску до рецесијата што веќе се случи во Холандија. Јапонската економија е во застој, а Соединетите Држави страдаат од голем дефицит. Лондонскиот економист Катинка Баруш смета дека фукусирањето врз економските проблеми ќе придонесе за надминување на политичките тензии меѓу транс-атланските партнери.

„Очигледно е дека во подрачјата на надворешната безбедносна политика има многу поделби како последица на Ирак. Но во економијата и финансиите американците и европејците имаа силен заеднички интерес бидејки самите меѓу себе се најголеми трговски партнери. И што е уште поважно најголемиот дел од странските инвестиции одат низ Атлантикот во двата правца. Затоа тие имаа силен интерес да ги испеглаат своите односи.“

Натаму, вели Баруш, тука е и прашањето на слабеењето на американскиот долар што е присилено од големиот американски дефицит.

„Друго нешто што тие ке го разгледаат доколку се во можност поради времето е дали ке интервенираат на пазарот со пари за да го намалат драстичното движење меѓу доларот и еврото што се случува во моментов.“

Силното евро имено го отежнува експортот на европските фабрики поради неконкурентната цена на нивните производи со што дополнително се влошува европската економска ситуација. На Самитот ќе се расправа и за напорите за надминување на сиромаштијата во третиот свет и сидата во Африка.
XS
SM
MD
LG