Достапни линкови

Бошковски без коментар, во ДУИ поздравена одлуката за симнување на нивните членови


„Јас веќе од ништо не се изненадувам на ова парче земја“

Ова е првичниот коментар на порнешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски по информацијата оти неговото име е ствено на црната листа на претседателот на Соединетите Американски Држави Џорџ Буш, но најави оти ќе следува и негово поопширно објаснување кога ќе добие официјална инфорамција за тоа.

Во меѓувреме на листата на Буш која претрпе измени со вметнување на неколку нови имиња од Македонија покрај Бошковски се наоѓа и порнешниот командант на ОНА и член на ДПА Даут Реџепи Лека, а се симнати некои од имињата што досега се наоѓаа на неа меѓу кои претседателот на ДУИ Али Ахмети и уште двајца други членови на таа партија. Со овие измени ДУИ во целост не се спомнува на листата. Во таа партија ја поздравуваат одлуката на Буш:

„Фактот што господинот Али Ахмети, нашиот претседател, и другите членови на партијата се тргнати од листата, е само едно признавање на конструктивната улога на Демократската унија за интеграција“

изјави Теута Арифи од ДУИ која пак за тоа што на оваа листа сега се ставени имиљата на Бошковски на поранешниот командант Лека кусо рече.

„Е, тој дел на поставување нови имиња во таа листа ние нема да го коментираме“

Во партијата на Арбен Џафери пак ДПА велат оти немаат коментар дека Даут Реџепи е на таа листа на сметка на симнувањето на членовите на ДУИ со образложение оти партијата ги стави под мораториум своите активности. Но, сепак Илјаз Халими изјави:

„Тоа некоја политика од оние што се тука – Батлер и некои такви. Веројатно Буш не ги знае добро работите тука. Виновни се овие што известуваат, таму можеби им веруваат, но тоа не е така, што секако ќе се докаже,“

рече Халими кој уште додаде оти се надева дека времето ќе ја изнесе на виделина вистината за тоа кој треба всушност да се наоѓа на црната листа на американскот претседател. Во таа смисла ревидирањето што го направи претседателот на америка Буш го коментираат и во НДП – партијата која со своите двајца членови Катриот Хаџиреџа и Џевдет Адеми не се симнува од таа листа веќе неколку години:

„Генералниот секретар Џевад Адеми е припадник на ОНА. И ако од таа листа на Буш се симнати припадниците на ОНА, значи автоматски се подразбира и генералниот секретар на НДП,“

вели Раип Дочи портпарол на НДП.

Инаку, на ревидираната листа на Буш која е објвавена на веб страната на американската влада се наоѓаат имиња на 150 лица и организации. Станува збор за оние кои се обвинети од стана на меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија оти материјално ги поддржуваат обвинетите како и оние кои ги промовираат институциите кои се наоѓаат вон законскиот систем односно за лица и организации од поранешните југославенки простори кои го опструираат мировниот процес или пружаат матреријална подршка на насилството и опструкциите во регионот на Балканот.
XS
SM
MD
LG