Достапни линкови

Љубомир Михајловски, директор на царината на Република Македонија. Искоренувањето на корупцијата нема да се случи преку ноќ


Луѓето вработени во царината важат за едни од најкорумпираните. Кое е вашето мислење?

Па, тоа е точно. Меѓу граѓаните на Република Македонија има такво мислење. Гледано до минатата година можам да се сложам со ова, зашто има голем број случаи што се поврзани со мито и корупција, меѓутоа од декември минатата година, па до сега, значи неколку месеци преземаме мерки директно насочени кон отктивање на вакви случаи и преземање на дисциплински мерки, отстранување од работа и нормално кривични пријави за да има финале во судот, мерки коишто се покажаа како многу ефективни и мислам дека оваа појава веќе во царината се намалува. Често пати се откриваат и случаи коишто не се извшрени од цариниците, тука морам малку да ги бранам, туку се производ на шпедитерите и други коишто земаат пари, а за тоа ја обвинуваат царината и покрај тоа што не сме инволвирани во вакви случаи. Не сум утопист, дека митото и корупцијата во царината ќе замре до крај, меѓутоа нема да биде појава, ќе имаме инцидентни случаи.

Најавивте борба против корупцијата, кои мерки конкретно се преземаат?

Добро, царината презема конкретни мерки, значи да не биде само декларативно како борба против корупцијата. Презема и конкретни чекори на терен, значи со некои методи и таквите местоди со настап на контролните служби во царината, секојдневно да се контролираат цариниците во поглед на промет и движење на стоките со луѓе од внатрешната контрола, коишто преземаат чекори и патуваат заедно со другите патници во државата, да го гледаат однесувањето на цариниците и да не има кризни ситуации на земање пари. Исто така, тие луѓе се присутни и во движење на стоките. Сакам да кажам, дека се преземени голем број чекори. Меѓу нив, и забраната цариниците да носат големо количество пари во себе, кога се на работа, се со цел да имаме увид да не земаат пари кога се на граничната линија, на лента, при вршење на своите работни задачи. Исто така, се вршат анализи околу движењето на имотот на самите цариници, па така при екстремно богатење имаме индикации дека нешто не е добро.

Според вас, што е потребно да се искорени оваа појава или да не може во догледно време да сметаме на тоа?

Свеста на вработените треба да ја смениме. Тоа можеби е најголемиот проблем, што ќе оди најспоро. Сакам да кажам дека самиот процес нема да оди брзо и тоа нема да се случи преку ноќ.
XS
SM
MD
LG