Достапни линкови

Земјите од југоисточна Европа со поголем економски раст од глобалниот


Економскиот растеж во поранешните комунистички држави, според Европската Банка за обнова и развој, е поголем од глобалниот. Тоа е резултат на големите инвестиции во земјите кои треба да станат членки на Европската Унија. Искуствата можат да бидат користени на Балканот и во Источна Европа, се вели во извештајот на ЕБРД.

Во извештајот на Европската Банка за обнова и развој се вели дека во 2002 бившите комунистички држави од Источна Европа имаат економски растеж од 3,7 проценти додека светскиот е околу 3 насто. Според Вилем Баутер главниот економист и авторот на извештајот на ЕБРД, овој растеж е меѓу другото и показател за слабостите на водечките национални економии во светот како што се американската, германската и јапонската.

„И покрај слабостите на глобален план што се афектира и врз регионот имаме значителена отпорност. За оваа 2003 година очекуваме исто такви робусни перформанси.“

Баутер вели дека ЕБРД очекува оваа година економскиот растеж во регионот на Источна Европа и поранешните Советски републики да изнесува околу 4 проценти. Тоа за источно европските држави се должи пред се на големите инвестиции во годините пред влезот во Европската Унија, додека растежот во бившите советски репубили е одраз на зголемувањето на цените и производството на нафта и гас. Баутер вели дека сепак има и црни облаци на повидок во одредени земји како последица на буџетските дефицити. Такви проблеми имаат Унгарија и Чешка, додека во однос на дефицитот во нешто поповолна ситуација се Полска и Словачка. Генерално гледано, смета експертот на ЕБРД Вилем Баутер, политичките реформи и економскиот растеж одат рака под рака и научените лекции можат да бидат искористени на Балканот.

„Во Југоисточна Европа сметам дека е направено подобрување на политичката стабилност. Мирот и законите се воспоставуваат во регионот. Србија и Црна Гора станаа интегрален дел од регионот. Сeто тоа е добра вест. Во исто време регионот е сеуште многу малку привлечен за странските инвестиции, а за тоа постои една единствена причина. Климата за инвестиции е сиромашна и лимитирана од големината на националните пазари. “

Според главниот економист на ЕБРД Вилем Баутер единствен начин за да се зголеми инвестиционата клима е земјите на Балканот да работат заеднички за поголема регионална интеграција. Целта е , вели Баутер, инвеститорите да гледаат на нив како на пред – европски регион.
XS
SM
MD
LG