Достапни линкови

Париз: Франција предлага итно укинување на санкциите против Ирак


Франција предложи итно укинување на невоените санкции против Ирак. Францускиот амбасадор во Обединетите Нации Жан Марк де ла Саблиере по состанокот на Советот за безбедност реќе дека треба прагматичен договор кој ќе ги рефлектира новите услови во Ирак. Тој додаде дека е потребна и соработка на инспекторите за оружје со американските тимови во Ирак. Американскиот амбасадор во Њујорк Џон Негропонте соопшти дека е можна соработка во укинувањето на санкциите, но не и во разоружувањето на таа земја за кое, како што изјави, сега се одговорни Соединетите Држави.
XS
SM
MD
LG