Достапни линкови

Чекор напред во напорите за членство во евро атлантските структури


Прво во Кувајт, а потоа и на конкретни задачи во поствоен Ирак ке заминат војници од македонската армија со мандат од шест месеци. Владината одлука предвидува екипа на специјалци да спроведува мировни операции, односно теренски тимови да се грижат за зачувување на редот и мирот.

„Станува збор за учество на македонски војници, медицинска екипа во пост воен Ирак, односно санирање на последиците од војната во Ирак. Од она што како одлука владата го донесе, испраќање на една медицинска екипа и на еден воено полициски вод кој ќе учествува во спроведувањето на јавниот ред и мир во пост конфликтен Ирак што би броело од 24 до 30 луѓе персонал.“

изјави владиниот портпарол Сашо Чолаковски.
Според Чолаковски мировната мисија во поствоен Ирак е од големо значење за нашата земја и е чекор напред кон евроаатлантските интеграции

„Македонија е дел од глобалната анти-терористичка коалиција, Македонија даде и поддршка за соборување на режимот на Садам Хусеин. Пт втор пат праќаме војници, првиот пат тоа беше во Авганистан, тоа е значајно и уште едно искуство повеќе во вакви хуманитарни акции за македонската држава и за АРМ.“

Правната рамка за мировната мисија во поствоен Ирак се воспостави со склучувањето на договорот меѓу нашата земја и Кувајт:

„Станува збор за Договор, стандарден СОФА договор каков што Кувајт склучи со сите земји коишто во постовоен Ирак ќе распоредат свои трупи на нивна територија,“

вели Санта Аргирова портпарол на Министерството за надворешни работи.
XS
SM
MD
LG