Достапни линкови

Експертите со поделени мислења


Квартетот составен од Соединетите држави, Обединетите Нации. Европската Унија и Русија ја напиша новата формула за мир на Блискиот Исток, но таа пред се поради Вашингтон беше неколку-пати одложувана. Во таканаречаниот Роад мап се предвидуваат низа реципрочни мерки од двете страни што треба на крајот да резултираат со палестинска државност до 2005 година.

„Toa ќе биде многу тежок процес, но јас верувам дека прогрес може да биде направен доколку двете страни влезат во рамките на роад мапот со разбирање за потребите на спротивната страна.“

изјави американскиот државен секретар Колин Пауел. Аналитичарот Нејтан Браун од универзитетот Џорџ Вашигтон смета дека новиот план е можеби почеток на новата ера на Блискиот Исток.

„Ние можеби се наоѓаме во предвечерието на нов мировен процес или на продолжување на мировните преговори што беа суспендирани пред две години. Меѓутоа многу работи треба да се случат пред вистинскиот процес да стартува.“

Има многу пречки велат аналитичарите. Како на пример прашање е колку новиот палестински премиер Махмуд Абас и неговиот се уште не одобрен кабинет ќе можат да функционираат под Јасер Арафат. Како што е познато, Абас попознат како Абу Мазен доаѓа на премиерското место по барањата на Израел и Соединетите држави за ново палестинско раководство способно да се справи со палестинските милитанти. Ариел Коен аналитичар на конзервативната Херитаџ Фондација е на позиција слична на израелската влада на премиерот Ариел Шарон.

„Jас повеќе верувам, читајки ги изјавите на Јасер Арафат и на радикалите на палестинскиот Исламски Џихад, Хамас и другите, дека тие се уште веруваат веруваат во оружената борба и уништувањето на Израел. Затоа не верувам дека мировниот процес предложен од квартетот има шанси за успех.“

Според извештајите и Израел не е среќен поради реципрочните мерки што треба да ги преземе. Израелската влада смета дека палестинците мораат првин да ги запрат насилствата а новите палестински власти да добијат повеќе време за да докажат дека може да им се верува. Морин Штајнбрунер од Центарот за национална политика во Вашингтон вели дека Бушовата администрација верува дека Ирак е раскрсница во историјата на настаните на Блискиот Исток. Многумина аналитичари токму во тој правец ја читаат војната на зборови со Сирија на која се гледа како на главен подржувач на палестинските милитантни групи. Станува збор за политика која се толкува како удар на изворите на тероризмот односно како удар врз отпорот на мировниот процес на Блискиот Исток. Доколку е потребно до мирот да се дојде преку промена на режимите тогаш тоа ке го има, сметаат некои од аналитичарите наведувајки ги Сирија и Иран.
XS
SM
MD
LG